„Тоа ќе биде голем удap за нас“: Австрија зaгрижена поради можна cyспензија за Арнаутовиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриската фудбалска федерација засега тврди дека дисциплинската постапка на УЕФА за Марко Арнаутовиќ е вообичаена процедура поради дописот од македонска страна, но никој не може да сокрие дека во австрискиот табор постои загриженост од евентуална суспензија.

Искусниот напаѓач има квалитети за кои Австрија нема алтернатива, дури и кога не е стартер како на дуелот со Македонија, а тоа го потврдува и последната изјава на Мартин Хинтерегер.

– Евентуалната суспензија за Арнаутовиќ ќе биде голем удар за нас.

– Тоа ќе биде голем проблем, Марко ни е многу потребен и очекувам позитивен исход од целиот случај. Заедно со Сабицер и Алаба, тој е наш најкреативен фудбалер и очекувам и поголема минутажа за него, – изјавил Хинтерегер.

Австрискиот репрезентативец смета дека вербалниот дуел меѓу Арнаутовиќ и Езџан Алиоски бил нешто што вообичаено се случува на терените.

– Сите сме се нашле во некоја конфронтација и сме одговориле на провокацијата. По натпреварот ќе се поздравите со истиот фудбалер и приказната завршува, – смета фудбалерот на Ајнтрахт.

Во второто коло од групната фаза, Австрија за противник ја има селекцијата на Холандија, која е прв фаворит во групата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This