дома Хроника Товарно возило удри пешак во Битола

Товарно возило удри пешак во Битола

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се слулила вчера напладне на крстосница од ул.„Арон Ароести“ и ул.„8 Септември“ во Битола.

ОД МВР информираат дека товарно возило „пежо експерт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(35) од Битола удрило во пешак Д.Д.(66) од Битола.

Во несреќата, Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.