дома Политика ТОДОРОВ Е УЦЕHEТ ПРЕКУ СЈО: Приморан е да прави пapтија, опфaтен е...

ТОДОРОВ Е УЦЕHEТ ПРЕКУ СЈО: Приморан е да прави пapтија, опфaтен е во две обвинениja кои не се реализирани

Новинарот Драган Павловиќ Латас во неговото гостување во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија посочи дека Никола Тодоров е уценет преку СЈО и со тоа е приморан да направи партија со која ќе се обиде да му земе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Латас изјави дека во случаите на СЈО Никола Тодоров е опфатен со две обвиненија кои не се реализирани.

-Прво со Дијамед, давање на концесија за фирмата со приватно партнерство ќе прави дијализи, втората е ситуацијата каде е што е раскинат договор со лондонска фирма за дигитални рендген апарати. Во двата случаи Никола Тодоров не е спомнат, го нема во јавност дека е процесуирано во суд, но затоа Никола Тодоров секојдневно зборува против ВМРО-ДПМНЕ, кај што се може, потенцираше Латас.

Тој истакна дека за таа цел како што се гледа во јавноста, Тодоров има некаква невладина организација еврофедералисти и со тоа друштво тој треба на ВМРО-ДПМНЕ да му земе гласови на избори.