дома Здравје Тодоров: Распустот да се продолжи до 23-ти јануари

Тодоров: Распустот да се продолжи до 23-ти јануари

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска објави дека е донесена мерка за продолжување на зимскиот распуст на учениците до 23 јануари, а предлогот бил доставен до Комисијата за заразни болести и до Министерството за образование.

Појасни дека одлуката е донесена како резултат на намалувањето на бројот на заболени од грип во периодот додека децата биле на распуст.

-Наместо на 18, второто полугодие да започне на 23 јануари. Оваа мерка  потребна со тенденција на намалување на заболените од грип на возраст од 0 до 14 години. Покрај оваа мерка ќе се спроведе темелна дезинфекција на автобусите на ЈСП и другите градски автобуси, како и во останатите градови каде што има организиран сообраќај. И посилената мерка предвидува темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на школската година, рече Тодоров.