ТОДОР ПЕТРОВ: СО ОСТАВКА ИЛИ АТЕНТАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЗБРАН ОД МНОЗИНСТВОТО, ДО ПРЕМИЕР НА МАЛЦИНСТВОТО?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

todor_petrov-150x150Според членот 90 од Уставот, Собранието избира Влада,на предлог од мандатар кој добил мандат за нејзин состав доверен од претседателот на Републиката. Бидејќи претседателот на Републиката не доверува мандат за состав на Влада на СДСМ и ДУИ, се разработуваат опции како Ѓорге Иванов да се елиминира од оваа постапка.

Во членот 87 од Уставот се вели: “1. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. 2. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. 3. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.” Оваа опција отпаѓа затоа што СДСМ и ДУИ немаат 80 пратеници.

Во членот 83 од Уставот се вели: “Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.” Оваа опција отпаѓа затоа што Уставниот суд не би влетал во авантура за одземање на имунитетот на претседателот. Ниту има двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии, ниту има дело за такво дејствие, освен ако му се “придодаде кривично дело што го прави недостоен за вршење на функцијата.”

Во членот 82 од Уставот, пак, се вели: “1. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. 2. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието. 3. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.” Се вртат опции за избор на претседател на Собранието, кој би го доверил мандатот на кандидатот на СДСМ за состав на Влада, но за тоа потребно е претседателот на Репубчиката да биде спречен да ја врши функцијата.

Значи, или 1. Претседателот Иванов да си поднесе самиот оставка, или 2. Врз него да биде извршен атентат со смртни последици или нарушување на здравјето што ќе го спречат да ја врши функцијата претседател. Македонија има такво искуство и со Киро Глигоров и со Борис Трајковски. И двајцата беа жртви на атентат. Првиот го жртвуваа за да се ратификува Времената согласност со Атина во Собранието за промена на името и знамето, а врориот заради Законот за територијалната организација на локалната самоуправа.

Во 1995 година СМК, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија организираа протести низ Македонија против Македонско-Грчката времена согласност од 13 септември 1995 година. На 5 октомври 1995 година, се очекуваше најголемиот протест во историјата на Македонија, пред Собранието во Скопје, за да се спречи промената на името и знамето, дента кога се ратификува Македонско-Грчката времена согласност.

Но, и ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија го откажаа протестот поради атентатот врз Киро Глигоров на 3 октомври 1995 година. Парламентарниот спикер Стојан Андон дури не почека епилог од атентатот, дали Киро Глигоров ќе преживее, експресно свика Собрание коешто го донесе Законот за ратификација на Македонско-Грчката времена согласност и го смени знамето на државата. Се’ помина тивко, без галама… Атента врз Ѓорге Иванов е ризична операција поради драстично влошување на безбедносната состојба во земјата до граѓанска војна.

Но, опцијата за атентат врз Ѓорге Иванов не е исклучена… Скраја да е, ама во политиката се’ е можно, не се избираат средства да се оствари целта. Мерките не безбедност на претседателот на Републиката треба да бидат на највисок степен на подготвеност за заштита на неговиот живот и здравје… Господ напомош…

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This