дома Локално ТОНИ АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ СЕ ГОРАТ ВО КАРПОШ: Диви депонии на секој чекор...

ТОНИ АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ СЕ ГОРАТ ВО КАРПОШ: Диви депонии на секој чекор и токсичен воздух – градоначалникот игра „Плејстејшн“

Диви депонии, нелегални топилници на акумулатори и олово, и запалени тони автомобилски гуми и пластика. Тоа е реалноста на една од најурбаните општини во Скопје, општиата Карпош

 

 

Фејсбук групата „Карпош Убав“ објави фотографија од запалена дива депонија, на која се горат тони автомобилски гуми и други токсичен отпад, а притоа општинските служби не превземаат никаква активност да се запре ваквата појава.

Претходно, граѓаните се жалеа на неисчистениот кеј, а пријавуваа и дека во општината постојат нелегални топилници на олово, кои сериозно го нарушуваат здравјето на жителите.

Од општинските власти нема ниту збор, ниту активност за да се спречат ваквите појави, освен, повремените фотосесии на градоначалникот со неговиот другар Боки 13.