дома Македонија ТОПКАТА Е КАЈ МАКЕДОНИЈА: Грчкиот портпарол изјави дека името е договорено, се...

ТОПКАТА Е КАЈ МАКЕДОНИЈА: Грчкиот портпарол изјави дека името е договорено, се преговара „ерга омнес“ и промена на Устав

Би требало да постои решение во рамки на барањата на Грција за сложено име за Македонија, кое би било користено „ерга омнес“, односно на ист начин од сите, а топката сега е на теренот на Македонија, изјави денес портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ

Тој оценува дека Македонија досега доста направила со тоа што отстапила од „радикалните, националистички ставови на претходната влада во Скопје“.

Цанакопулос смета дека двете земји треба да „демонстрираат политичка волја“.

Тој додава дека главното прашање во врска со спорот за името е амандман во Македонскиот устав, што е клучен предуслов за исполнување на барањата на Грција за името „ерга омнес“.