дома Социјални Мрежи ТОП АПЛИКАЦИИ ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА: Рекордери по бројот на преземања

ТОП АПЛИКАЦИИ ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА: Рекордери по бројот на преземања

Ако втората деценија на 21-от век остане запаметена по нешто, тоа сигурно ќе биде масовната употреба на паметните телефони.

Денес е тeшкo да се замисли животот без нив – пред само 10 години во Америка, 62 милиони луѓе поседувале паметни телефони додека таа бројка денес изнесува 265 милиони, пишува “Indy100”.

Во Велика Британија, пред 10 години само 17 отсто од популацијата имала паметен телефон, а денес паметни телефони поседува 78 отсто од населението на оваа земја.

Еден од најреволуционерните елементи на паметните телефони се апликациите, особено оние за социјалните мрежи.

Неодамна беше објавена листа на апликации со најголем број на преземања во изминатата деценија и никој не остана изненаден од фактот што на првото место се најде Facebook, а на второто – Facebook Messenger.

На третото место е апликацијата WhatsApp, на четвртото – Instagram, а петтото место го зазема Snapchat. По нив следат Skype, TikTok, UC Browser, YouTube и Twitter.

Оваа листа е направена со комбинирање на податоците од Google Play и App Store во период од јануари 2012 до ноември 2019 година.

Како што може да се забележи од листата, првите четири најпреземани апликации се во сопственост на Фејсбук, од што може да се заклучи дека Марк Закерберг, извршиот директор на оваа социјална мрежа, поседува голем дел од денешниот виртуелен простор и влијанието врз него.