дома Македонија ТОРТЕВСКИ ГО ПОВИКВА ЈО: Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел...

ТОРТЕВСКИ ГО ПОВИКВА ЈО: Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел кога рекол дека се модифицирани и тоа треба сеpиозно да се провери

Адвокатот Александар Тортевски смета дека Јавното обвинителство треба веднаш да го повика Зоран Верушевски, пишува МКД.Мк

Треба Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел кога рекол дека се модифицирани и тоа треба сериозно да се провери. Обвинителството треба да го соочи со Лазаревски и со Костовски.

Според Тортевски, ако се утврди дека во претходната постапка, во предистрагата, Верушевски кажал нешто сосема спротивно, тогаш треба да му се покрене постапка за лажно сведочење.

Адвокатот прашува зошто Верушевски досега молчел.