March 29, 2024, 12:58 am

Тортевски: Tреба да се преиспита работењето на Димова и Националната агенција, потребна е рeвизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aдвокатот Александар Тортевски вечерва на „24 Анализа“ на Телевизија 24, а во врска со цкандалите поврзани со Националната агенција за европски програми и мобилност, истакна дека треба сериозно да се преиспита работата на Агенцијата, како и да се направи ревизија, затоа што има основани сомневања за скандалозни грантови за проекти.

-Сериозни институции треба да ја преиспитаат работата на Националната агенција, затоа што единствено е важна вистината, да не се нагаѓа, тоа треба да се испита и да се открие, мене интуицијата ми вели дека таму ќе се откријат работи, но не можам да кажам ништо сигурно, истакна адвокатот.

-Треба да се направи ревизија и вистински стручњаци да ја преиспитаат работата затоа што во јавноста излегоа доста луѓе кои сега ретерираат дека од оној проект „Фризерски салон“, фирма која добива 270 илјади евра за проекти за медиумска писменост, само формално биле ставени на списоците и добивале пари од проекти кои им биле барани назад, вели тој.

Во претходниот период директорката на Националната агенција го обвини Тортевски дека има личен мотив за да ја напаѓа, тој вечерва негираше дека има било каква поврзаност со Националната агенција освен предмет кој го застапува за негов клиент.

-Не се точни обвинувањата од Димова дека сум конкурирал за никаков грант, за никакви пари, кај мене се јави едно здружение кое сметаше дека е оштетено од Националната агенција, по основ на чие барање за несоновано задржани пари од страна на директорката Димова, чија странка и тѕжба ги застапувам, потенцираше Тортевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This