ТОТАЛНА РАСПРОДАЖБА, ПРЕД ЛИКВИДАЦИЈА: Заев ја стави Македонија на распродажба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само половина година колку што на власт е СДСМ, премиерот Зоран Заев успеа да ја стави Република Македонија на распродажба.

Долго време градените ставови на земјата во однос на меѓународните и националните прашања, се рушат. Според експертската јавност, катастрафално е тоа што премиерот Заев им дозволува на соседите, државите со кои Македонија со години има големи историски спорови, да ни ја пишуваат историјата.

И Заев и други членови на Владата веќе неколку пати потврдија дека наскоро ќе дојде до смена на името на Република Македонија.

Најновите информации велат дека владата на СДСМ и Заев веќе се согласиле на ново име за нашата држава.

Во изјава за австрискиот весник „Курир“ солунскиот градоначалник Јанис Бутарис тврди дека за македонскиот премиер, Република Нова Македонија или Северна Македонија е прифатлив компромис за името.

-Новиот премиер Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој беше страшна несреќа за земјата. Заев сака компромис околу именувањето: Република Нова Македонија или Северна Македонија. Грција никогаш нема да прифати Република Македонија, вели Бутарис, кој неодамна го посети Скопје и се сретна со целиот државен врв, вклучувајќи го и премиерот Заев.

Покрај тоа што станува јасно дека со овој договор се откажуваме од терминот Македонија, во изјава за австрискиот весник, Бутарис потврдува дека ова ќе значи и менување на идентитетот на државата, како што вели тој со новото име Македонија би можела „да си најде нов идентитет за себе и за својот народ“.

Во наредниот период треба на преговарачите за името на Република Македонија, Адамантиос Василакис од грчка страна и Васко Наумоски од македонска да им биде претставен нов предлог од страна на Метју Нимиц.

Грчките медиуми веќе го анализираа сегашниот „напредок“ на односите меѓу Атина и Грција како пресвртница во затворањето на проблемот со името .

„По победата на Зоран Заев, Грција покажува ‘добра волја’ и ова се толкува како можност за наоѓање решение во Њујорк по секоја цена, бидејќи она што е важно е – курсот на ФИРОМ … кон Евроатлантската унија“.

Потврда дека наскоро ќе дојде до промена на името даде и премиерот на државата Зоран Заев, тој ова го потврди на средбата со солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.

– Терен за конечно решавање на името се подготвува уште од првиот момент откако беше формирана Владата, но уште нема никави детали. Досега сме на она што значи позитивни услови и расположение од сите страни – одговори премиерот на прашањето дали се создава атмосфера за решавање на спорот во 2018 година. – рече премиерот Зоран Заев по средбата со градоначалникот на Солун.

 

Иако власта на Заев и СДСМ ги нарекуваше небулоза тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе имало двојазичност во Република Македонија, сепак албанскиот јазик беше израмнет со македонскиот, како втор официјален. Заев овој неуставен закон пред Албанците во државата го вети многу одамна.

Распродажбата на македонската историја, власта предводена од СДСМ ја започна со потпишувањето на штетниот договор за добрососедство со Бугарија. За негативните последици од овој договор покрај опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и експертската јавност.

Со овој договор се предвидува сите спорни за Бугарија делови од македонската историја да бидат отстранети од учебниците во историја, нешто како што е случајот и со Грција.

Инаку, потврда дека Заев не го интересира македонската историја и македонските национални прашања, се покажа уште при неговата прва посета на Бугарија, неполн еден месец откако дојде на власт. Тогаш премиерот на Македонија, во Софија се поклони пред споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил.

Граѓаните јавно прашуваа дали барањето на МПЦ до БПЦ е дел од штетниот договор кој Заев го потпиша со Борисов.

Со писмо од Светиот синод на Македонската православна црква- Охридска архиепископија (ОА) испратено до Бугарската православна црква (БПЦ) , МПЦ од БПЦ бара таа да биде нивна црква- мајка.

По ова, Синодот на БПЦ прифати да биде заштитник на МПЦ ОА и се заложи пред православниот свет за признавање на нејзината автокефалност. Владиците одржале заседание и едногласно одлучиле да биде формирана Комисија од шест члена која ќе преговата со МПЦ ОА и останатите православни цркци за конечно решение на статусот на македонската црква. Во одлуката на Синодот нема конкретен податок дали во меѓувреме бугарските владици ќе почнат да сослужуваат со македонските архиереи.

Бидејќи со писмото МПЦ ОА ја признава БПЦ за своја мајка црква, одлучувме да ја застапуваме во православниот свет за добивање на канонско признавање, стот во одлуката на Синодот на БПЦ по седницата.

Со решението всушност МПЦ во синодот на бугарската црква доби посредник за решавањето на нејзиниот статус, но во соопштението не е конкретно истакнато дека БПЦ ја признава МПЦ за своја црква – ќерка.

Верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски  е скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефалноста на МПЦ, бидејќи, како што објаснува, тоа може да отвори проблем со останатите православни цркви, поради договорот да има целосен консензус меѓу нив при признавање на нова црква, но и поради спорот со Српската православна црква (СПЦ).

МПЦ, потсетува Ѓорѓевски, досега преговараше со СПЦ бидејќи ставот на сите православни цркви беше дека ние мора да преговараме со нив за да се реши тој црковен спор во кој СПЦ ни нудеше само автономија во нејзиниот состав, а ние сакавме да имаме полна автокефалност.

Според него, ако бугарските владици ја признаат македонската автокефалност тоа ќе отвори бранувања меѓу православните цркви заради тоа што тие си постигнаа договор со којшто за признавањето на самостојноста на некоја нова црква треба консензус на сите 14 православни цркви во светот.

Владиката Наум и митрополит струмички во интервју за бугарската телевизија БТВ рече дека се отвора нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА и оти автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини.

– БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти, рече владиката Наум.

Тој нагласи дека Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја. – Ние сме биле дел од Бугарска Егзархија. Луѓето тогаш (кон крајот на 19. век и во почетокот на 20. век) биле разделени меѓу Егзархијата и Цариградска патријаршија, но повеќето биле егзархисти“, изјави владиката Наум.

Рече дека со писмото до Бугарската црква на тој начин отворајќи една нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски предупредуваше дека ова е марионетска влада која има за цел да го промени името на држава. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека досега јасни се шест точки за редефинирање на државата.

Како што изјави Груевски, СДСМ ќе ја занимава и замајува јавноста со се и сешто со цел да ја реализира својата замисла за редефинирање и обезличување на Македонија со најмалку шест точки.

Тоа се: 1.Промена на името на државата при што идентитетот ќе ја следи судбината на името,2.Штетниот договор со Бугарија, 3.Двојазичноста со неуставниот закон за употреба на јазиците, 4.Доселување на мигранти во Македонија, 5.Зголемување на даноците и 6.Редефинирање на бракот преку легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца.

Промената на учебниците по историја, рушење и разместување на споменици, затворање на Музејот на македонската борба за слобода и независност се дел од првата и втората точка со која треба да се сузбие, потисне и заборави се што е поврзано со македонската историја, самосвест и кауза. Сето ова за сметка на некои други држави и нации со кои актуелната власт има постигнато сојуз, тие на нив да им помогнат да бидат власт во Македонија и да прават што сакаат, вклучително и незаконски со сила и поткуп да ги добијат изборите. За возврат на помагателите да им ги испорачаат нивните барања поврзани со македонските национални и државни интереси на кои тие работат повеќе од 100 години, и за кои се паднати небројни животи и многу крв на нашите предци.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This