дома Хроника ТОЧЕЛ ГОРИВО, ОСТАНАЛ БЕЗ АВТОМОБИЛОТ: Му го украл автомобилот додека точел гориво...

ТОЧЕЛ ГОРИВО, ОСТАНАЛ БЕЗ АВТОМОБИЛОТ: Му го украл автомобилот додека точел гориво на бензиска

Дваесет и осум годишен штипјанец пријавил во полиција дека додека точел гориво на бензиската пумпа, непознато лице му го одзело возилото.

Сторителот користејќи згодна прилика со клучот кој бил на бравата, го стартувал возилото и побегнал. По речиси 30 минути на местото викано .„Ѓубриште“ во Велес, од страна на полициски службници од Д.Т.(41) од Радовиш е одземено возилото и истото е вратено на пријавителот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.