ТРАВОЛТА: Скиентологијата ме спаси по смртта на син ми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славниот актер Џон Траволта го загуби својот син Џет, а од силната болка го спасило учењето на скиентотшката црква, на која тој ѝ припаѓа.

travolta1

Славниот актер Џон Траволта во 2010 година го загуби својот син Џет, а од силната болка го спасило учењето на скиентотшката црква, на која тој ѝ припаѓа.

Џет почина на 16 години, за време на семејниот одмор на Бахамите, како последица на епилептичен напад, а во текот на животот боледуваше од аутизам и синдромот Кавасаки.

– Засекогаш ќе ѝ бидам благодарен на скиентолошката црква, бидејќи од таму добив огромна поддршка кога ми беше најтешко. Луѓето од таму немаа слободни денови, со мене непрекинато работеа на техниките за надминување на болката – вели Траволта.

Во бракот со сопругата ја имаат и ќерката Ел Блу, додека две години по трагичниот настан го добија и малиот Бенџамин.

– Уште повеќе се зближивме, малиот Бен е како лепак што нè држи заедно – додава тој.

Во своето последно интервју Траволта истакна дека времето на тага конечно завршило, а ниту самиот не е свесен како успеал да се подигне од големата загуба, од која долго време закрепнувал, а на моменти губел желба за својот живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This