Трагедија: Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“.

Според првичните информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало.

Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема.

Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до судирот дошло додека се обидувал повторно да се приклучи во движење.

На подрачјето на 160 километри од автопатот Тракија, сообраќајот се одвива по лентата за престигнување поради сообраќајната несреќа. Сообраќајот го регулира Сообраќајната полиција.

На местото на несреќата се уште во тек е увидна екипа и полиција.

Извор: mk.tv21.tv

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This