дома Хроника Трагедија во Кавадарци: Mладо момче зaгинa вечерва во тешка сообраќајка кај „Дрекслмаер“

Трагедија во Кавадарци: Mладо момче зaгинa вечерва во тешка сообраќајка кај „Дрекслмаер“

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во близина на германската фабрика „Дрекслмаер“ во Кавадарци, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека засега не може да даде повеќе детали, бидејќи во тек е увидот на местото на настанот.

Од Брза помош Кавадарци за МИА потврдија дека едно лице на возраст од 28 години е починато, а сообраќајката била меѓу трактор и автомобил.