дома Хроника ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Бебе паднало од балкон во Куманово, пренесено на Клинички

ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Бебе паднало од балкон во Куманово, пренесено на Клинички

13-месечн бебе паднало од балкон на улицата „Егејска Македонија“ во Куманово. Инцидентот како несреќен случај е пријавен вчера попладне во полициската станица во Куманово од Итната медицинска помош.

Од полицијата велат дека детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.