Норвешкиот дипломат и некогашен министер за надворешни работи Торвалд Столтенберг почина во 87. година, јавуваат норвешките медиуми.
За време на кризата во поранешна Југославија тој беше специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации.
Торвалд Столтенберг е роден на 8. јуни 1931. година. во Осло, а во неколку наврати беше министер за надворешни работи и одбана на таа држава.
Исто така, тој ја вршеше функцијата висок комесар за бегалци при ОН, а за време на војната во Босна и Херцеговина беше специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН.
Пред три години е прогласен за почесен граѓанин на Белград. Имаше две ќерки – Камила и Нина и синот Јенс, кој во моментот е на фукцијата генерален секретар на НАТО.