дома Хроника ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА: Бебе почина по пад од зграда во Скопје!

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ ВЕЧЕРВА: Бебе почина по пад од зграда во Скопје!

Едногодишно бебе почина вечерва откако паднало низ скршен прозорец во зградата кај што живееле на улицата Архиепископ Доситеј во Скопје, неофицијално дознава „Фокус“.

Според информациите на „Фокус“, детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец паднало на висина од 2,5 метри. Тоа се здобило со скршеници на черепот и по операција во една од приватните болници им подлегнало на повредите.

Од МВР се очекува наскоро да излезат со повеќе детали за случајот.