дома Хроника ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Пожар пеплоса цела куќа

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Пожар пеплоса цела куќа

Во СВР Скопје вчера околу 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Црногорска“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Н.Н.(59).

Во пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.