дома Балкан ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: Момче си го одзело животот!

ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: Момче си го одзело животот!

Момче Н.М. (12) од селото Негосавље, општина Медвеѓе, се caмoyби синоќа со пиштoл во устата, а веднаш до неговото безживотно тело била пронајдена  белешка упатена до неговите родители.

Оваа невидена трагедија во општина Медвеѓа се случила околу 18 часот во семејната куќа кога родителите го пронашле момчето и повикале брза помош, но лекарите не можеле да сторат ништо, бидејќи момчето не давало знаци на живот.

Момчето било ученик на 6-то одделение на основното училиште “Радован Ковачевиќ” во Медвеѓа.

Исто така, според потврдените информации, момчето го извадило пиштолот од заклучената фиока на својот татко.

Семејството има уште едно дете, девојче, а мајката на момче кое се самоуби е бремена. Мештаните велат дека ова е добро семејство и дека ништо не укажало на можна трагедија. Истрагата на терен ќе ја изврши надлежниот обвинител од високото обвинителство во Лесковац.