дома Хроника ТРАГЕДИЈА: Осум годишно детенце прегазено во Скопје

ТРАГЕДИЈА: Осум годишно детенце прегазено во Скопје

На улицата „Христо Татарчев“, вчера во 14,20 часот, патничко моторно возило „Форд Фокус“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.Д. (28) од Скопје удрило во дете-пешак на возраст од осум години.

 

Од незгодата со повреди се здобило детето кое со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.