Вчера околу 16.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Т.Т. (60), пријавил дека на улица “Лисец“ ја пронашол неговата сопруга М.Т. (61) падната во дупка за јама полна со вода истата не давала знаци на живот.
Телото на починатата е извадено од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.