дома Хроника ТРАГЕДИЈА: Сообраќајка на булевар„Борис Трајковски“, згасна млад живот

ТРАГЕДИЈА: Сообраќајка на булевар„Борис Трајковски“, згасна млад живот

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во која има и жртва.

 

 

Околу 17 часот на булевар „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска), животот го загуби 38-годишниот Е.А.

-Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки изгубил контрола и се превртел на патот. Од добиените повреди човекот почина на лице место, информираат  од МВР.

Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош.

Полиција веднаш излегла на терен, а увидот е се уште во тек.