дома Европа ТРАГЕДИЈА: Ученички автобус удри во столб, загинаа 16 деца во Италија

ТРАГЕДИЈА: Ученички автобус удри во столб, загинаа 16 деца во Италија

Најмалку 16 лица загинаа кога ученички автобус со унгарски регистарски таблици синоќа удри во столб на автопат во северниот дел на Италија и се запали, соопшти утрово пожарникарската служба.

Околу 36 повредени патници се пренесени во болница во Верона, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Во автобусот патувале ученици од Унгарија на возраст меѓу 14 и 18 години.

Меѓу жртвите би можел да биде и возачот, кој е француски државјанин. Децата се враќале од Франција, каде биле на екскурзија. Во автобусот имало околу 50 патници.

Засега не е позната причината за несреќата.