дома Македонија Траен имyнитeт е вakциналниот, тврди Филипче

Траен имyнитeт е вakциналниот, тврди Филипче

Во однос на вакциналниот имунитет и оној имунитет добиен од прележана болест, министерот за здравство, Филипче, порача дека подолготраен е тој што ќе се добие при вакцинација.

„Нема дилема дека антителата еден одреден период штитат. Но, суштината е дека имунитетот од вакцината е поефикасен. Граѓаните треба да се стекнат со подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем. Препораките од нашиот комитет се должат на повеќе студии. Траен имунитет е вакциналниот имунитет. Убеден сум дека ќе го издржиме овој бран, ако треба ќе се организираме дополнително“, истакна Филипче.