дома Свет Трамп би можел да прогласи нykлeapнa Bojнa со Иран, cтpaвyвa бивш припадник...

Трамп би можел да прогласи нykлeapнa Bojнa со Иран, cтpaвyвa бивш припадник на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да биде набрзо отстранет од неговата функција, дури и пред инагурацијата на Џо Бајден закажана на 20.јануари, со цел да се превенира ризикот од прогласување на војна против Иран, тврди Филип Гиралди, бивш припадник на ЦИА за „Спутник“.

Ненси Пелоси, спикер во американскиот Конгрес, претходно изјави дека веќе разговарала со армиските шефови на кого им изразила загриженост за планот на Доналд Трамп, кој според Пелоси би можел да ги употреби нуклеарните кодови и да започне нуклеарна војна.

„Стравувам дека претседателот е растроен и би можел да започне војна со Иран“, вели Гиралди кој шефува со Советот на „Нешнл Интерест“. „Мислам дека е демонстративно растроен и тоа би можело да биде причина да се искористи 25.амандман за негово отстранување од функција“.

Сепак, Гиралди не верува дека Демократите имаат чист случај против Трамп кој го обвинуваат за кревање на востание против американската влада, па затоа и најверојатно нема да започнат со процес на импичмент.