March 28, 2024, 11:01 am

Трамп: Вpeмe e Бајден дa пoднece ocтaвкa пopaди oвa штo ce cлyчyвa вo Aвгaниcтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го повика својот наследник Џо Бајден да поднесе оставка поради ситуацијата во Авганистан.

– Време е Џо Бајден да поднесе оставка поради ова што се случува во Авганистан. Тоа не би требало да биде голема работа со оглед на тоа што тој не беше легитимно избран, рече Трамп, критикувајќи го Бајден за ситуацијата во Авганистан, но и порастот на случаи на коронавирус во САД, имигрантската, економската и енергетската политика.

Тој тврди дека повлекувањето од Авганистан би било многу поразлично и многу поуспешно доколку тој беше претседател.

– Ова ќе биде запаметено во историјата како еден од најголемите порази во американската историја, рече Трамп.

Бајден викендов ја бранеше својата одлука да ги повлече американските војници, велејќи дека американското присуство во Авганистан во последните 20 години не е прифатливо.

– Уште една година, или уште пет години американско воено присуство нема да направи разлика. Бескрајното американско присуство среде граѓански конфликт во друга земја не беше прифатливо за мене, рече Бајден.

За потсетување, Талибанците вчера влегоа во Кабул и ја окупираа претседателската палата, откако претседателот избега во Узбекистан.

Портпаролот на Талибанците Мохамед Наим рече дека војната во Авганистан е завршена, дека сакаат да имаат односи со меѓународната заедница и оти сакаат тоа да го постигнат преку дијалог. – Го постигнавме она што го сакавме, а тоа е слободата на нашата земја и независноста на нашиот народ. Подготвени сме да разговараме со сите фактори во земјата и да им ја гарантираме потребната заштита, рече портпаролот Наим, додавајќи дека Талибанците ги почитуваат правата на жените и малцинствата и слободата на изразување во рамките на шеријатското право.

Повеќето странски дипломати беа евакуирани веднаш, а на аеродромот во Кабул владее хаос. Илјадници Авганистанци очајнички се обидуваат да избегаат од земјата која сега е под власт на Талибанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This