дома Свет ТРАМП ГИ ЗАПОЧНА СРЕДБИТЕ ВО ХЕЛСИНКИ:Се очекува главната со Путин

ТРАМП ГИ ЗАПОЧНА СРЕДБИТЕ ВО ХЕЛСИНКИ:Се очекува главната со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се состана со финскиот колега Саули Нинисте утрово во претседателската резиденција во главниот град, Хелсинки.

Денеска во Хелсинки треба да се одржи состанокот меѓу Трамп и рускиот претседател, Владимир Путин.

Финската државна телевизија YLE објави дека Трамп ја пофалил Финска и ја нарекол прекрасна земја, притоа заблагодарувајќи му се на претседателот Нинисте за организацијата на средбата и топлото добредојде.

Се вели дека за време на разговорите Трамп, исто така, го пофалил минатонеделниот самит на НАТО во Брисел и оценил дека Алијансата никогаш не била посилна.

Пред почетокот на средбата сопругата на Трамп, Меланија, доби цвеќиња од Нинисте и неговата сопруга Џени Хаукио.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, е исто така во Хелсинки, а на својот твитер-профил напиша дека е подготвен да се состане со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.