дома Македонија Трамп до Сенатот: Влезот на Македонија во НАТО нема да го оптовари...

Трамп до Сенатот: Влезот на Македонија во НАТО нема да го оптовари вoeниот буџет на САД

Американскиот претседател Донлад Трамп испратил писмо до претседателот на Сенатот во врска со зачленувањето на Македонија во НАТО.

Во писмото се вели дека влезот на нашата земја во НАТО нема да има ефект на зголемување на процентот на уделот на САД во општиот буџет на НАТО.

– Вклучувањето на С Македонија во НАТО не ја намалува способноста на САД да ги исполнат нивните воени обврски надвор од Северноатлантскиот регион – истакнува Трамп во писмото.