дома Свет ТРАМП Е РАСИСТ: Американците сметаат дека Трамп е расист, покажува најновото истражување...

ТРАМП Е РАСИСТ: Американците сметаат дека Трамп е расист, покажува најновото истражување на јавното мислење

Голем број на Американци сметаат дека политиката на американскиот претседател Доналд Трамп ја влошува позицијата на Афроамериканците, Хиспаноамериканците и муслиманите, а повеќе од половина од испитаниците сметаат дека Трамп е расист, покажа неодамна спроведеното истражување на АП центарот за јавни работи

 

 

Според тоа исражување, 57% од Американците сметаат дека неговата политика е лоша за муслиманите, 56% сметаат дека Трамп е лош за Хиспаноамериканците, а 47% за Афроамериканците.

Како што се навдува, 85% од испитаниците наклонети кон демократите сметаат дека Трамп е расист, а исто мислење имаат и 21% од испитаниците – блиски до републиканците.

Трамп го отфрли тврдењето дека е расист и им порача на новинарите дека тој е најмал расист од сите особи кои ги интервјуирале.