Доналд Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, тој планира да одржи проштален настан во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на неговиот наследник.
Bо Бајден на 20 јануари, иако размислуваше да замине на 19 јануари, пренесува Ројтерс. Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс еден“.
Според извор на Ројтерс, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.