дома Свет Трамп и посака повеке среќа на Максвел во затвор од Џефри Епстин

Трамп и посака повеке среќа на Максвел во затвор од Џефри Епстин

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава каде и посака добро на Џислејн Максвел – која е обвинета дека му помагала на Џефри Епстин.

Трамп и посака среќа на Џислејн додека наведе дека засрамениот инвеститор е најверојатно убиен.

„Нејзиниот пријател, или момче, беше или убиен или изврши самоубиство во затвор. Она е сега во затвор.“ одкако бил притиснат да образложи, Трамп изјавил:„и посакувам само добро, не сакам ништо лошо да и се случи, не сакам ништо лошо на било кој да му се случи. И тие го преувеличуваат тоа. Ама само тоа е, нејзиното момче умре, умре во затвор“ образложи Трамп на интервјуто што излезе во Понеделник вечерта на HBO, наведувајќи дека Епстин можеби и не извршил самоубиство.

Интервјуто не е прв пат Трамп да и посака добро на Максвел, минатиот месец се изјасни со подршка за неа велејќи:„Се видов неколку пати во текот на годиниве, и само би и посакал добро, искрено“.

За критичарите на Трамп, коментарот беше сфатен како одобрување на злоупотребата на малолетни девојчиња од страна на Епстин, во која Максвел е исто така вмешана.