дома Свет ТРАМП И ПУТИН ИМААТ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ: Почнува нова ера во меѓународните...

ТРАМП И ПУТИН ИМААТ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ: Почнува нова ера во меѓународните односи и светската политика!

Еден американски и руски лидер никогаш немале толку слични позиции за водење на светската политика како Рускиот претседател Владимир Путин и новиот претседател на САД Доналд Трамп, смета Вјачаслав Володин, спикер во Рускиот парламент


„Путин и Трамп имаат бројни заеднички ставови и погледи“, рекол Володин за Рускиот НТВ Канал во интервју објавено во неделата.

Володин изразил надеж за подоброување на релациите помеѓу САД и Рсуија, но исто така повикал на претпазливост во смисла дека Трамп сеуште нема направено практични чекори кон приближување на односите со Русија, и да докаже дека неговите зборови не беа само празни ветувања.

„Ако Трамп ги оствари ветувањата, тоа ќе значи радикална промена на ситуацијата. Ние досега Трамп го гледавме само како кандидат, сега преостанува да видима каков претседател ќе биде“ вели спикерот во руската Дума.

Тој потенцирал дека „обновувањето на довербата и почитувањето“ треба да бидат примарна цел во релациите помеѓу двете земји, додавајќи дека активностите на претходните администрации на САД ја ги довеле овие односи на историски минимум.

Досегашниот претседател на САД Барак Обама намерно или ги игнорираше Руските иницијативи или намерно „ги зголемуаше тензиите, што предизвика зголемен анимозитет“, помеѓу Русија и САД, според Володин.

Членот на федералниот совет на Руската Федерација Алексеј Пушков пак, изјави дека НАТО е во очигледна состојба на паника во очекување на потенцијалната промена на политиката на САД во однос на Алијансата откако Доналд Трамп победи на претседателските избоир.

Во саботата, Германски „Шпигел“ објави дека стратезите на НАТО драфтирале стратегија за „најлошо можно сценарио“ во кое Трамп ќе им нареди на американските трупи во Европа да се вратат назад. Во неделата, секретарот на НАТО Јанс Столтенберг потенцираше дека односите помеѓу САД и НАТО се исклучително важни и го повика Трамп да не ги напушта своите Европски сојузници.

Пушков исто така додава дека постои вистинска можност Трамп да ја „преиспита интервенционистичката политика на НАТО“, додавајќи дека тоа ги прави алтантистите во Европа „нервозни“. Тој исто така предупреди дека Трамп најверојатно ќе се соочи со „притисок без преседан“ во врска со Сирија но и од страна на естамблишментот на САД и сојузниците на НАТО кои ќе го убедиаат да ја продолжи политиката на претходната администрација, која поддржува соборување на Башар ал Асад.

Во меѓувреме, во тајна телеграма која протече Британскиот амбасадор во САД докажува дека Велика Британија веќе се подготвува да го притиска Трамп со цел да ја направи поблагонаклона надворешната политика на Вашингтон кон Лондон.