дома Свет ТРАМП НАЗНАЧИ ЗАМЕНА ЗА НИКИ ХЕЈЛИ: Хедер Нојерт нов амбасадор на САД...

ТРАМП НАЗНАЧИ ЗАМЕНА ЗА НИКИ ХЕЈЛИ: Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН

По најавеното повлекување на Ники Хејли, претседателот на САД, Доналд Трамп ја назначи Хедер Нојерт за иден американски амбасадор во Обединетите Нации.

Хедер Нојерт до сега беше актуелен портпарол на Стејт департментот, а јавноста во Америка ја знае како водител на телевизиите Фокс Њуз и Еј Би Си.

Долго се лицитираше со имиња за позицијата амбасадор во Обединетите Нации особено откако Ники Хејли го најави своето повлекување, а претходно актуелна беше расправата за повлекувањето на САД од буџетирањето на организацијата и подршката за Изрел и преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим