Трамп: Неспособноста на Бајден на средбата со Путин ме растажи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски лидер Доналд Трамп го критикуваше актуелниот американски претседател Џозеф Бајден за начинот на кој разговарал со рускиот претседател Владимир Путин преку видео врска.
„Го гледав пред некој ден со Путин. И бев многу тажен“, рече Трамп на собирот на поддржувачи.
Тој истакна дека дури и не сакаат да зборуваат за неспособност на Бајден
Во исто време, поранешниот шеф на Белата куќа не појасни што конкретно мисли кога зборуваше за средбата меѓу Путин и Бајден, со оглед на тоа што беа прикажани само снимки од поздравите на претседателите на Русија и САД.

Да потсетиме, на 7 декември преку видео врска се одржа разговор меѓу Путин и Бајден, кој траеше околу два часа. Помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со својот американски колега Џозеф Бајден за време на онлајн разговорите за црвените линии и заканите што ја засегаат Москва. Американскиот лидер, од своја страна, изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата околу Украина. Според Ушаков, шефот на Белата куќа го предупредил и Путин дека САД подготвуваат големи санкции во случај на натамошна ескалација на ситуацијата околу Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This