дома Свет Трамп откри тајни документи за спречување на кинеската доминација

Трамп откри тајни документи за спречување на кинеската доминација

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја укина тајноста на некои тајни американски државни документи кои се најдоа на сајтот на „Викиликс“, а тоа би можело да предизвика „потреси“ ширум светот.

Во тие документи наводно може да се најде и планот за одбрана на Тајван во случај на напад од Кина, а наводно во потенцијалната војна против Кина би можела да биде вовлечена и Австралија.

Советниците на Трамп планираат најпрвин да се брани ланец на острови во источна Азија и планираат САД да го спречи доминирањето на Кина, како на море, така и во воздух доколку дојде до конфликт.

Исто така, наведено е дека либералниот сенатор Џом Молан предвидел дека ќе избие војна помеѓу САД и Кина во рок од 10 години поради Тајван.