Доналд Трамп официјално признал дека тој му префрлил пари за неговиот адвокат, кој истите и ги исплатил на актерка во еротски филмови, Сторми Даниелс, со цел таа да молчи во врска со аферата со актуелниот американски претседател, јавува Би-би-си.
Трамп досега негираше дека знае за исплатата на 130 000 долари наменети за актерката Сторми Даниелс.
Белата куќа во фуснота кон финансиските извештаи соопшти дека исплатата ја објавува во интерес на транспарентноста, додавајќи дека не била правно обврзана да го стори тоа. Сепак, шефот на канцеларијата за етика во писмото напишал дека исплатата на Коен морала да се пријави. Во писмото до заменик главниот државен обвинител, Род Росенштајн, тој напишал дека смета оти откриените информации се важни за истрагата.
Росенштајн ја надгледува истрагата на Министерството за правда за наводната спрега меѓу соработниците на Трамп и Русија за време на американските претседателски избори во 2016 година. Исплатата за Сторми Даниелс е потенцијален правен проблем за Трамп, бидејќи може да се смета за недозволена донација во кампања.
Против Коен, чии документи за договор со порно актерката ФБИ ги заплени во април, покрената е истрага.