дома Свет ТРАМП СЕ СРЕТНА СО АВТОМОБИЛСКИТЕ ГИГАНТИ: Сакам нови фабрики во САД

ТРАМП СЕ СРЕТНА СО АВТОМОБИЛСКИТЕ ГИГАНТИ: Сакам нови фабрики во САД

Great meeting with automobile industry leaders at the @WhiteHouse this morning. Together, we will !

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика директорите на автомобилските компании, како што се Џенерал Моторс, Форд, Фиат Крајслер Автомобили, да го зголемат производството во САД и да го поттикнат вработувањето.

Состанокот во Белата куќа со директорката на ЏМ, мери Баро, првиот човек на Форд, Марк Филдс и директорот на ФКА, Серџо Маркиони, Трамп го започнал со зборовите дека сака нови фабрики за производство на автомобили.

-Ни претстои силно да се продолжи со градење на автомобилски и на други фабрики. Сакам тука да бидат изградени нови погони за автомобили кои се продаваат тука- им нагласил Трамп.

Во очи на состанокот Трамп на Твитер објави дека со директорите ќе разговара за отворање на нови работни места во САД. По средбата напиша дека имале одличен состанок и дека заедно повторно ќе ја направат Америка голема.

Автомобилските компании минатите неколку години не сакаа да отвораат нови фабрики во САД, но го зголемија обемот на работа во веќе постојните фабрики. трамп во повеќе наврати ги критикуваше заради нивната работа во Мексико и во други држави, заради шпто се закани со воведување на погранично оданочување во висина од 35 проценти од увезените возила.