Истражителот во Џудишал Воч, Вилијам Маршал во деталната анализа за Американ Тинкер за политичката криза и финансирањето на Невладините организации во Македонија повика Претседателот на САД и неговата администрација да го отповика амбасадорот во Македонија, Џес Бејли.
-Џудишал Воч започна интензивна истрага во врска со ова прашање. Во меѓувреме, Администрацијата на Трамп треба да го отповика амбасадорот Бејли, пишува Маршал.
Додава и дека треба да се направи чистка во мисијата на САД во Скопје и да се запре финансирањето на организациите на Џорџ Сорос.