Трамп ја пpoдoлжyвa кaмпaњaтa, cлeдниoт митинг ce oдpжyвa вo Пенсилванија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја продолжи својата кампања во Пенсилванија, каде што ќе го одржи вториот предизборен митинг откако закрепна од Kовид-19, додека неговиот демократски ривал Џо Бајден ќе се упати кон Флорида.

Трамп беше во Флорида во понеделникот, и тоа е неговото прво патување откако беше објавено на 2 октомври дека се заразил со коронавирус. Неколку часа пред неговото заминување, Белата куќа објави дека е негативен на вирусот и дека веќе не е заразен.

Трамп ќе одржи предизборен митинг во Пенсилванија во Џонстаун. Трамп победи во Пенсилванија во 2016 година со разлика од помалку од еден процентен поен.

Анкетите покажуваат дека Бајден е во водство во земјата со седум процентни поени. Трамп оваа недела ќе ги посети и Ајова, Северна Каролина и Џорџија.

Бајден ќе ја продолжи кампањата во Флорида во вторник. Поранешниот потпретседател ќе ги посети Пемброк Пинс и Мирамар.

Повеќето анкети покажуваат дека Бајден има мала предност во однос на Трамп. Трамп победи во Флорида во 2016 година со 1,2.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This