дома Свет ТРАМП ЌЕ ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Претседателот се обидува да дојде до средства...

ТРАМП ЌЕ ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Претседателот се обидува да дојде до средства за ѕидот без согласност на конгресот!

Конгресот на САД го усвои компромисниот предлог за гранична безбедност со кој ќе се избегне нова блокада на американската влада, но и покрај то претседателот Доналд Трамп планира да воведе вонредна состојба, соопшти АП.

Трамп планира да прогласи вонредна состојба за  да може и без согласност од конгресмените да дојде до средства за изградба на ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико.

Конгресот одобри 1.4 милијарди долари, наместо 5.7 милијарди, колку што побара Трамп.

Белата куќа соопшти дека Трамп се согласил со одлуката на конгресот, а остатокот од сумата ќе ја обезбеди со еднострано делување.

Американските демократи го осудија Трамп, а неколку држави кој би можеле да претрпат финансиски загуби поради потегот на Трамп најавија тужби наведувајќи дека американскиот претседател ја злоупотребува својата положба.