Трамп co kpитикa дo мoднитe cпиcaниja: Ja нeмa Меланија нa нacлoвнитe cтpaници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упати остри критики затоа што Меланија не се појавила на ниту една насловна страна, додека на американските модни списанија, додека Мишел Обама, додека била прва дама, се појавила дури 12.

Уште во петокот Трамп ја нарече првата дама „најголемата на сите времиња“ во коментар на објавата на десничарската публикација „Брајтбарт“ на Твитер, во која се вели дека елитистичките снобови во модниот печат ја исфрлаат најелегантната прва дама во американската историја.

Во написот на „Брајтбарт“ беше детално опишана облеката на Меланија кога во средата заминуваше од Белата куќа за да го помине Божиќ со семејството.
Обожавателите на Трамп веќе долго време го забележуваат отсуството на Меланија на насловните страници на списанијата во САД , многу често и го обвинуваа американскиот печат за нивната либерална пристрасност со изборот на Мишел Обама, која беше ставена на 12 насловни страници на модни магазини за време на два мандати како прва дама, вклучувајќи три насловни страници на „Вог“.

Ана Винтур, главната уредничка на американското издание на „Вог“, никогаш експлицитно не изјавила дека нема да ја има Меланија на насловна страница, но посочи дека не е заинтересирана за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This