Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
Откако заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, најави дека кинеската Ексим банка одобри ефтин кредит за да продолжи Кичево – Охрид, министерот Сугаревски, очекува веќе наредната година возачите да може да возат и по половина од автопатот. Неговите очекување се првите 30км од Охрид до Врбјани да бидат оспособени за возење.
Ние сме известени дека се одобрени парите и очекуваме овој период да се пристапни и да се динамизира процесот. Планираме наредната година да пробаме тие 30км од Охрид до Врбјани да ги оспособиме да се вози тој пат. Половина автопат да биде во функција, а другиот дел согласно рокот 2021 да е целосно завршен, истакна Горан Сугарески, министер за транспорт.
Незавршените работи на автопатот изнесуваат 54.442.364 евра.
„ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево – Охрид“, се наведува во соопштението на „Гранит“ објавено на веб – страницата на Македонска берза.
Главен изведувач на овој автопат е кинеската компанија „Синохидро“, додека „Гранит“ и други фирми се ангажирани како подизведувачи.