дома Македонија ТРАЈАНЕ, ИЗЛЕЗИ ОД УДОБНИОТ КАБИНЕТ: “Реалните проблеми на македонските земјоделци ќе ги...

ТРАЈАНЕ, ИЗЛЕЗИ ОД УДОБНИОТ КАБИНЕТ: “Реалните проблеми на македонските земјоделци ќе ги слушнеш на терен”

Денеска сум во посета на село Стојаково во општина Богданци и селата Негорци и Миравци во општина Гевгелија.

 

 

 

Нека излезе Трајан Димковски од удобниот кабинет и нека ги посети овие села.

Во овие села ќе ги слушне реалните проблеми на македонските земјоделци како неисплатените субвенции, проблемите со наводнувањето на земјиштето, проблемите со неисплатената дополнителна мерка за јагнето, катастрофално ниската цена за откуп на зелката и многу други проблем.

Трајане проблемите се дознаваат на вакви средби, а не на твоите однапред договорени средби – напиша Трипуновски на Фејсбук.