дома Македонија ТРАЈАНОВСКИ ДО ШИЛЕГОВ: Кога сме кај „мерењето“ на Петре му фалат 1500...

ТРАЈАНОВСКИ ДО ШИЛЕГОВ: Кога сме кај „мерењето“ на Петре му фалат 1500 метри

Во извршувањето на буџетот на Град Скопје е наведено дека улицата Лазар Личеновски е реконструирана од под Калето до Американската амбасада и за истата се потрошени 9милиони денари од планираните 10 милиони.

Фактичката состојба на терен е сосема поинаква. Оваа улица беше реконструирана едвај 500 метри, пред се за потребите на новите објекти на Јавното Претрпијатие Вододовод и Канализација и Градската Куќа која неодамана беше продадедна на сомнителна аукција.

На 44 седница на Советот на Град Скопје остана нејасно и неодговорено дали станува збор за техничка грешка во тексот на Извршувањето на буџетот или станува збор за грешка во процената на потребните средства и реализацијата на реконструкцијата на споменатата улица.

Улицата Лазар Личеновски е долга речиси 2км, а реконструирана е едвај 500 метра, што значи дека на Шилегов му фалат 3/4 лод должина само на Лазар Личеновски.

Топло му препорачувам на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов пошто „милува да ги мери“ дека му фалат 1500 метри. На наредниот дуел во мерење да внимава да не се посрамоти, пишува портпаролот на ГРОМ и советник во Град Скопје, Александар Трајановски.