дома Политика Трајановски: Уредување на зелена површина на чело со Шилегов ги чини скопјани...

Трајановски: Уредување на зелена површина на чело со Шилегов ги чини скопјани 750 евра по метар квадратен

Советникот во град Скопје, Александар Трајановски во гостување во емисијата на радио Лидер изјави дека модерните површини како на ГТЦ и други кои ги прави Шилегов го чинат градот Скопје и граѓаните премногу пари и дека тие цени не се реални и додаде дека парите на граѓаните се трошат без усул и не земајќи ги во предвид нивните круцијални потреби од страна на градскиот татко Шилегов.

-Модерни зелени кровови ги чинат скопјани многу пари. Еве ќе ви кажам, површината на ГТЦ која што беше зазеленета е 1800 метри квадратни и чинеше 600.000 евра, а сега имате површина од 400 метри квадратни за домот на градежници и истата не кошта 300.000 евра, значи 400 квадрати кога ќе го поделите 300.000 евра со површината излегува 750 евра е тоа уредување на зелена површина, истакна тој.

Трајановски потенцираше дека за домот за градежници за површина од 400 метри квадратни за зазеленување потрошени се 300.000 евра што излегува околу 750 евра по метар квадрат за уредување на зелена површина.

Според Трајановски, овие цени се превисоки и немаат допирна точка со реалните цени на пазарот.

-Да изградите зграда целосна од темел со ист габарит и квадратура како домот за градежници кој што ние го зезаленивме кровот ќе не чини исто пари. Овде или станува збор за марсовски прескапи материјали или станува за нешто друго, заврши Трајановски.