дома КОВИД-19 (Коронавирус) Трајанов го paзобличи Заев: Власта нема информација кога ќе пристигнат вакцините

Трајанов го paзобличи Заев: Власта нема информација кога ќе пристигнат вакцините

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов која е коалициски партнер на владата на СДСМ и Зоран Заев, открива дека владата нема цврст договор кога треба да пристигнат вакцините, што директно ги разобличува лагите на премиерот Заев дека во Македонија ќе пристигна 2 ипол милиони вакцини за вакцинирање на населението од КОВИД пандемијата.

-Тоа за 2 ипол милиони вакцини, 200.000 вакцини тоа е само на список, меѓутоа ние немаме цврст договор кога треба да пристигнат вакцините. Значи требало непосредно, клучно било непосредно спогодување со производителите, со лобирање, со трчање, со директно обраќање до премиерите, вели Трајанов.

Според Трајанов, власта нема оправдување зошто каснат вакцините во Македонија, додавајќи дека аферата која ја обелодени италијанскиот весник „Ла Верита“ треба до крај да се расчисти без разлика кој се бил вклучен во разговорите и преговорите, укажувајќи дека во јавноста се шпекулира дека основач на фирмата во Хонг Конг е лице кое е присутно во јавноста во сите криминални афери.

-Мислам дека каснеме и нема оправдување зошто каснеме. А околу оваа афера наш став е до крај да се расчисти. Ако и оваа афера зборувам која што директно е врзана со здравјето на граѓаните, ако имало обид за корупција или било што, тоа мора да се расчисти. И доколку се докажи дека намерата била сосема друга, односно корумптивна елементи имало тогаш треба да се понесе одговорност, без разлика кој на кое ниво било и кој се бил вклучен во овие разговори и преговори, истакна Трајанов.

„Еден клучен елемент за кој што се шпекулира е кој е основач на фирмата во Хонг Конг, двајца или тројца основачи. Или не знам една или две фирми кои што се вклучени. Натаму се зборува за еден посредник кој е многу присутен во јавноста во сите криминални афери, ако истата персона е вклучена и тука тогаш работава смрди дека тука нешто не било чисто“, додаде Трајанов.