ТРАЈКО ВЕЛЈАНОВСКИ: Ветивте дека ќе има најмногу 20 министри. Година и пол има до наредни редовни парламентарни избори вие таа обврска не ја исполнивте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски на денешната собраниска седница го потсети премиерот Зоран Заев дека се уште го нема исполнето ветувањето за намалување на бројката на министри, односно дека бројот на министри нема да биде повеќе од 20.

Господине Заев кога ќе го исполните барањето кое што го дадовте на граѓаните кое го има и во „планот за живот“? Ветивте дека ќе има најмногу 20 министри. Година и пол има до наредни редовни парламентарни избори вие таа обврска не ја исполнивте, истакна Вељаноски.

Тој посочи дека премиер и уште 15 министри е бројката која мора да се исполни, а се друго е коалиционен договор на сметка на државата, и затоа сега сме доведени до ситуација кога се ставени министри кои цел мандат не исполниле ништо од својата задача.

На секоја реконструкција на Влада ќе ве потсетуваме и се надеваме дека до крај на мандат ќе ја исполните. Зошто имате плус 9 или 10 министри кога ветивте дека нема тоа да го правите?, запраша Вељаноски.

На крајот тој потенцираше дека сериозноста на Владата и собранието граѓаните може да ја видат по тоа што истовремено додека има една важна работа како реконструкција на влада, половина од пратениците мора да се по комисии каде што нетранспарентно се носат закони по скратена постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This