дома Сцена ТРГНА ГОДИНАВА: Биба стана баба

ТРГНА ГОДИНАВА: Биба стана баба

Новата година ни започна со убаво. Прво чукнаа ѕвоната во домот на алтерот Тони Михајловски, а набрзо венци ќе кити и пејачката Биба Додева.

Биба ќе стане баба на „увозен“ зет и тоа од прекрасната Португалија. Ќерката на Биба, Емануела, му кажа ДА на Португалецот Хумберто, а сваќите освен што се пресреќни, изгледа си се и погодени.

Бабата и невестата заминале на запознавање, шетање и дегустација на тамошните деликатеси. Деталите околу свадбата засега се чуваат во тајност, објави Вечер.