дома Македонија Трговијата на мало трпи зaгуби, регистриран пад на прометот за 7,4 проценти

Трговијата на мало трпи зaгуби, регистриран пад на прометот за 7,4 проценти

Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во јуни годинава споредено со истиот месец лани бележи пад во прометот, номинално за 3,3 отсто, а реално за 7,4 проценти.

Според Државниот завод за статистика, намален е прометот и на трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво – номинално за 3,8 отсто, а реално за 3,5 проценти, во трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално за 3,6 отсто, а реално за 5,4 проценти, како и во трговијата на мало со автомобилски горива, номинално за 42,4 отсто, а реално за 31,4 проценти.